Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“ која е во изведба на групата ВИС Рисови

Официјално, промовиран е видео запис за навивачката химна посветена на македонската фудбалска репрезентација за претстојното Европско првенство во фудбал што ќе се одржи во текот на летото.

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во историјата ќе се најде на едно големо натпреварување , па како што доликува аправена е навивачка химна за да се крева атмосферата и еуфоријата.