Германија и Аргентина ремизираа 2:2 на контролниот натпревар одигран во Дортмунд на „Сигнал Идуна Парк“.

Домаќините доминацијата во првото полувреме ја крунисаа со два гола преку Гнабри (16 мин) и преку Хаверц (22 минута), ова за креативецот беше прв гол во сениорскиот тим на „панцирите“.

Аргентина во вториото полувреме се врати во игра по влегувањето на Аларио и Окампос кои реализираа во 66 минута и во 85 минута за конечни 2:2.