Избраниците на Андре Виљаш Боаш со малку среќа успеаа да ги освојат трите бода во дуелот со Бреств во 15 коло од Лига 1.

Првото полувреме не донесе ништо спектакуларно а вториот дел започна со иницијатива на домаќините и гол на Сар во 56 минута.

Брест се врати во игра во 88 минута кога Кардона постигна гол за израмнување и шок за на навивачите на Марсеј.

Во следниот напад, Шансон упати прецизно додавање кон Немања Радоњиќ за гол и победа на фаворитот.