Оливие Жиру ја искористи шансата која ја доби од Франк Лампард во почетниот состав на Челси во дербито со Тотенхем во 27 коло од Премиер лигата.

Поминаа точно 100 дена откако Французинот постигна гол (Франција – Молдавија 14 ноември 2019), последен пат беше прецизен за Челси против Ливерпул во УЕФА „Супер Купот“ на 14 август 2019 година.

Французинот  за прв пат се најде во старните 11 на Челси по 20 ноевмри 2019 година (во меѓувреме пропушти 11 натпревари поради повреда) и за 15 минути постигна гол.

Челси по првото полувреме води со Тотенхем со 1:0 благодарение на реакцијата на Жиру кој воедно се обидува да си обезбеди место во ростерот на Франција за престојното ЕП.