Челси докажа против Атлетико Мадрид дека со Томас Тухел на кормилото се сериозен тим кој оваа сезона можат да догураат далеку пред се во Лигата на шампионите.

Со неверојатниот гол со ножички на Оливие Жиру, Челси славеше на гостувањето (во Букурешт) кај Атлетико Мадрид со 1:0 во воведниот осминафинален натпревар.

Французинот  реализираше во 68 минута,  а изненадувачки домаќинот не само што дозволи доминација на англичаните, туку ниту еднаш прецизно не го погоди голот на Менди.

Реваншот на „Стенфорд Бриџ“ ќе се игра на 17 март.