Севилја го совлада тимот на Осасуна со 2-0 на гости, стигна до осмата победа во низа, следен противник во Ла Лига е Барселона.

Диего Карлос и Де Јонг постигнаа по еден гол во првото и второто полувреме за триумф на гостите, сега Севилја има 48 бода на третото место, во следното коло се среќава со Барселона која со бод помалку е на четвртата позиција.