Македонија вечерва го одржа единствениот тренинг на Динамо  арената, стадионот каде посакуваме да испишеме историја утревечер од 18 часот.

Нашите фудбалери веќе одиграа еден меч на овој стадион, заврши без победник, сега сакаме триумф.

Стадионот на Динамо во Тбилиси, има капацитет од 54.202 седишта, ова е најголемиот фудбалски храм во Грузија, на 11 август во 2015 година се одигра натпреварот од Супекупот на Европа меѓу Барселона и Севилја.