Џереми Сарминето има само 17 години, во моментов е играч на Бенфика, репрезентативец на Англија кој го бара половина од топ клубовите од Европа.

Речиси и да нема клуб од Премиерлигата, Ла Лига, Бундеслигата, Серија А и Ла Лига кои не покажале интерес за младиот крилен напаѓач.

Чарлтон го продаде Сармиенто на Бенфика во 2018 година, тогаш клубот од Португалија беше поупорен и поуспешен од Манчестер Сити.

Сарминето е репрезентативец на Англија во селекцијата на играчи до 18 години,  има три настапи и еден постигнат гол, на трансфер берзата вреди околу 5 милиони евра.

Инаку Сарминето е роден во Мадрид, неговите родители се од Еквадор, треба да реши за која репрезентација ќе игра иако во моментов е челн на У18 селекцијата на Англија.