Македонија Ѓ.П. ја победи Академија Пандев со 1-0 со гол во 100. минута од средбата, видовме се и сешто на оваа средба, повреден судија, добар и неизвесен фудбал и секако моментот на мечот, играч на Академија Пандев со топка во рака попречуваше фудбалер на домашните кој имаше топка во нога…

Стефан Костов, извонреден дефанизвец, реагираше за рубриката „верувале или не“, со топка во рака го попречуваше противникот кој имаше „топка во нога“. Костов доби црвен картон, ситуација која се гледа еднаш во „милион години“….