Холандија ја совлада Македонија со 3-0, фаворитот се покажа резултатски супериорен, на македонската репрезентација и поништија два гола, и двата поради офсајд, на Тричковски во првото и Чурлинов во второто полувреме …

Македонија е поразена со головите на Депај и Џорџино Вајналдум кој два пати се запиша во листата на стрелците. Холандија со 9 бода прва во групата Ц, Австрија ја совлада Украина со 1-0 и го освои второто место.

По натпреварот, македонските репрезентативци се поздравија со публиката, ова беше прекрасно искуство.