Рутинска победа на Барселона на гости кај Осасуна со 2-0, по еден гол во двете полувремиња, Алаба и Мориба се запишаа во листата на стрелците.

Алаба погоди во 30 минута за 1-0, конечниот резултат го постави младиот Мориба, репрезентативец на Шпанија со потекло од Гвинеа, има само 18 години, запиша голчиште.

Мориба погоди за 2-0 во 83 минута, маестрално реагираше, потег кој се прераскажува вечерва во Шпанија.

Барселона со новите три бода има 56 на второто место, прв е Атлетико со два бода повеќе но и два натпревари помалку.