Црвена Звезда вечерва го пречекува Баерн Минхен, во најавата за овој спектакл, шампионот на Србија на својот веб сајт објави видео од победата на тимот од Белград во времето кога настапуваа Панчев, Најдовски, Свичевиќ, Просинечки….

Денот кога небото се отвори, Црвена Звезда на 24. април 1991 година одигра 2-2 со Баерн Минхен, овој резултат донесе финале на  црвено-белите во Купот на шампионите, предводени од „кобрата“ Панчев и останатите ѕвезди во тимот.

На овој меч, Аугенталер постигна автогол кој донесе финале а потоа и титула за Црвена Звезда во Бари, токму со овој гол и прекрасен коментар тимот од Белград се мотивира пред натпреварот со Баерн Минхен вечерва во Лигата на шампионите.

„Небото се отвори, стадионот експлодираше“