Стоперите на Реал Мадрид и на Барселона, Серхио Рамос и Жерард Пике вечерва ќе се дел од голем хуманитарен т.н. концерт кој е во организација на Шпанската Фудбалска Федерација, а ќе се пренесува на интернет.

Пике, Рамос и играчот на Севиља, Хесус Навас се дел од играчите кои организираа заедничко собирање на средства за набавка на медицински и анинтетски материјал во борбата со коронавирусот.

На концертот од спортот уште учуество ќе земе и тенисерот Рафаел Надал а за музичките точки задолжени се Аитана, Берет и Луис Фонси.

Коценрот ќе се одржи со заеднички линк на Фејсбук и на Јутјуб а сите ќе се јават од своите домови преку мобилни и таблети. Се очекува да има јавувања од 180 земји од светот.