Екипата на Џенова во самиот финиш избегна пораз против Сасуоло со рамки на 8 коло од Италијанската Серија А , односно со голот на Васкез во 90.минута тимот од „ Луиџи Ферарис“ освои бод кој може да биде доста важен за остатокот од сезоната.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев мечот го започна од првата минута и се задржа на теренот до 76 кога беше заменет од Филипе Каиседо.

Со овој бод тимот на Пандев останува на 17.место на табелата , додека Сасуоло е на 14 место со 8 бодови.