Џенова со 1-0 го победи Калјари дома, Наполи на гости загуби од Верона со 3-1. Горан Пандев одигра 30 минути, Елмас кај Наполи доби десет минути за игра.

Со голот на Дестро уште во 10 минута, екипата на Џенова запиша победа против Калјари во дуелот на двете екипи од долниот дел на табелата, Пандев во игра влезе во 63 минута на местото на стрелецот на единствениот гол.

Наполи загуби од Верноа со 3-1, Елиф Елмас влезе во игра во 83 минута, неговиот тим неочекувано е поразен.

Димарко , Барак и Закањи погодија за Верона, за Наполи гол постигна уште во првата минута Лозано но тука клубот од Неапол застана и беше поразен.