Фудбалерите на Лацио стигнаа до третата победа сезонава откако славеа со 4-0 во дуелот против Џенова за кого настапува Горан Пандев.

Поранешниот фудбалер на „лациалите“ влезе на почетокот од вториот дел во обидот Џенова да го анулира водството од два гола на Лацио. Македонскиот репрезентативец внесе живост во редовите на Џенова, но не успеаа да се вратат во мечот против фаворитот од Рим.

Стрелци за головите на Лацио беа Миленковиќ Савиќ во 7 и Раду во 40 минута, додека во вториот дел Каиседо и Имобиле беа автори на 3 и 4 погодок.

Со оваа победа Лацио се искачија на 5 позиција на табелата, додека Џенова се наоѓа во опасната зона на 18 позиција.