Кристијан Ериксен е добро, репрезентативецот на Данска и член на Интер се огласи преку социјалните мрежи, им се заблагодари на сите за поддршката, откако колабираше на натпреварот против Финска.

Фудбалската федерација на Данска објави видео со пораки на поддршка за Ериксен кои стигнаа од сите страни на светот, од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, до нашиот Горан Пандев.

„Чао Кристијан, поздрав од мое име и од името на моите колеги. Ти посакуваме што побрзо заздравување и те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе“, изјави македонскиот капитен Пандев.