Удинезе запиша  победа против Џенова со 1-0, единствениот голе постигнат во првото полувреме,  Горан Пандев одигра 69 минути, но неговиот тим поразен го напушта Удине.

Илија Нестровски не беше ни меѓу резервите кај Удинезе поради мала повреда, Пандев започна од првата минута, но беше заменет на 20 минути до крајот на средбата.

Единствениот гол на средбата за Удинезе го постигна  Де Пол во 34 минута од натпреварот.