Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, одигра 69 минути во победата на Џенова на гости кај Болоња со 0:2.

Оваа победа е многу важна за Џенова, која со овие три бода и официјално обезбеди опстанок во Калчото.

Џенова поведе во 13-тата минута со голот на Давиде Запакоста, по асистенција на Милан Бадељ.

Конечните 0:2 ги постави Џанлука Скамача во 61-та минута. Нашиот капитен од игра излезе кога се беше решено односно во 69-тата минута, кога на негово место влезе Иван Радовановиќ.

Со оваа победа Џенова е сигурна со 39 бода на 14-тата позиција на две кола до крајот, додека Болоња е на 11-тата со бод повеќе од тимот на Пандев.

Standings provided by SofaScore LiveScore