Горан Пандев го постигна својот девети гол сезонава, Џенова запиша победа против Спал со 2-0, важни три бода во борнбата за опстанок.

Кпитенот на македонската репрезентација го отвори резултатот на средбата во 24 минута.

Фалке не искористи пенал за Џенова во 37 минута, но Шене постигна еврогол во 54 минута за потврда на победата со 2-0. Џенова има 30 бода, и во моментов е на 17 место на табелата.