Горан Пандев одигра одличен натрпевар на „Сан Сиро“ за Џенова која го изненади Милан со 1-2.

Македонскиот репрезентативец уште во 7.минута го отвори резултатот по одличната асистенција на Санабриа. Џенова до дуплирање на предноста дојде во 41.минута кога Касата зголеми на 0-2.

Милан ја имаше топката во своите нозе но до целосен пресврт не успеаа да стигнат, иако Ибрахимовиќ со голот во 77.минута ги врати надежите.

Со овој триумф Пандев и Џенова избегаа од опасната зона која носи испаѓање во Серија Б за наредната сезона.