Рома и Џенова одиграа трилер меч со шест голови, немаше победник, конечен резултат 3-3, Горан Пандев во игра влезе во 86 минута.

На „Олимпико“ се одигра прекрасен натпревар, Џенова три пати бркаше негатива и на крајот остана непоразена во Рим.

Рома поведе со голот на Џенгиз во 6 минута. Џенова израмни преку Пинамонти десет минути подоцна. Римјаните повторно се во водство со голот на Џеко во 30 минута.

Џенова израмнува преку Кришито од пенал во 43 минута на 2-2. Коларов повторно ја доведува Рома во водство со прекрасен гол по четири минути игра во второто полувреме. Конечните 3-3 ги постави Куаме во 70 минута.