Неверојатна сцена се случи на мечот во Бразил меѓу Чапекоенсе и Атлетико Минеиро, пренесуваат медиумите од Бразил.
Топката на овој натпревар по еден изведен корнер ненадејно го смени правецот, и потоа заврши во шеснаесетникот, некои ова го објаснуваат како паранормална ситуација , го поврзуваат загинувањето на фудбалерите на Чапекоенсе во авионската несреќа пред три години.
Сепак науката има друго објаснување.
„Можно е топката да има контакт со некој предмет, но тој не се гледа, мислам дека се работи за воздушна струја која го сменила правецот на топката“ – изјави познатиот физичар Аленкара Маљавачу од Бразил.
Сепак оваа ситуација предизвика многу дилеми и коментари на социјалните мрежи.
Be the first to write a comment.