Парма ја совлада Џенова со 5:1 во натпревар од 8 коло во Серија А. Горан Пандев го одигра само првото полувреме носејќи ја капитенската лена кај гостинот.

Корнелиус со хет трик беше најдобриот играч на мечот, Кулушевски постигна еден гол и додаде две асистенции а во листата на стрелци се запиша и Кучка. Кај гостите прецизен беше единствено Пинамонти во 52 минута за намалување на 4:1.