Вест Хем го победи Челси со 3-2, победничкиот гол за домашните го постигна Јармоленко во 90 минута.

Чесли поведе со голот на Вилиан од пенал во 42 минута, но само три минути подоцна, Вест Хем израмни преку Сучек.

Во вториот дел, Вест Хем поведе и прави пресврт со голот на  Антонио по шест минути игра. Челси преку Вилиан, и  неговиот втор гол од слободен удар успеа да израмни на 2-2.

Кога се чинише дека средбата ќе заврши без победник, Јармоленко ја искористи пеколната контра и ги постави конечните 3-2.