Три победи на домаќините, два гостински триумфи и едно ремија без голови, е епилогот на 21-то коло на Првата македонска фудбалска лига.

Во Скопје на Арената „Тодор Проески“ мирољубиво реми одиграа Работнички и Шкендија, конечниот резултат на крајот беше 0:0,

Домашни победи остварија Академија Пандев, Ренова и Борец Велес.

Академија Пандев во неизвесен дуел во Струмица беше подобра од Македонија Ѓорче Петров, со резултат 2:1. Струмичани поведоа со голот на Марјан Радески во 11-тата минута, израмни Боби Божиновски во 56-тата, а конечните 2:1 ги постави Крстовски во 86-тата минута.

Ренова во Тетово со убедливи 3:0 го доби Вардар. Головите за гипсарите беа дело на Шефити во 21-та минута, Ремзифаик Селмани постигна два гола, првиот во 27-та од пенал, вториот во 55-тата со што ги постави конечните 3:0. Во редовите на Вардар црвен картон доби Величковиќ.

Со головите на Баша во четвртата минута и Адили во 45-тата Борец со 2:1 победи против Беласица, за кој стрелец беше Митевски во 17-тата минута.

Силекс во Кратово доби два црвени картони и прими еден гол, доволен за победа на Шкупи. Чаирчани со голот на Алварез стигнаа до победа, со која го искористија ремито на Шкенидја и се приближија на шест бода до врвот, додека пак кратовци сега и тоа како треба да стравуваат за својот опстанок, се наоѓаат во бараж зоната, а имаат само два бода повеќе од Академија Пандева која е прва под црвената зона.

Гостинска победа со гол во финишот во Струга оствари Пелистер, со голот на Пејаковиќ во втората минута од продолжението битолчани беа подобри од Струга Трим Лум.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore