Александар Трајковски изнуди пенал за Мајорка која загуби од Атлетик на гостувањето во Билбао со 3-1, макеоднскиот репрезентативец во игра влезе во 57 минута.

Мајорка со овој пораз ја загрози уште повеќе позицијата во бробата за опстанок во Ла Лига, остана на 18 позиција со 26 бода.

Атлетик постигна два гола преку Гарсија и Сансет во првиот дел, по пеналот врз Трајковски, Будимир намали на 2-1 во 69 минута, конечниот резултат го постави Виљалибре во 90 минута. Трајковски имаше соло акција и шанса за гол во 95 минута, но противничкиот голман одбрани.