Mанчестер Сити го заврши најголемото купување во својата историја. Вчера го донесоа Џек Грилиш од Астон Вила за 100 милиони фунти (117 милиони евра).

Многу фанови и медиуми го доведоа во прашање овој трансфер бидејќи тоа е многу софистициран играч од средниот ред и играч кој Сити веќе го има. Покрај тоа, прашањето е дали тие самите си го отежнаа доведувањето на Хари Кејн, за кого Тотенхем најверојатно ќе побара поголема отштета отколку што Вила побара за нивната ѕвезда.

Сепак, Пеп Гвардиола ги изненади новинарите на Манчестер Ивнинг Њуз кога објасни дека Грилиш всушност не чини толку многу.

“Потрошивме само 40 милиони фунти за него бидејќи заработивме 60. Тој ќе го носи бројот десет. Мислевме дека Меси ќе остане во Барселона. Што се однесува до Кејн, тој е играч на Тотенхем и не можеме да направиме ништо додека не се откажат од него”. изјави тренерот на Сити.