Фудбалерите на Ајакс стигнаа до петтата победа во пет меча во Лигата на шампионите оваа сезона, со што со својот скор му се придружија на Баерн Минхен. Денеска жртва на холандскиот шампион беше Бешикташ.

Турскиот шампион беше поразен во Истанбул со 1:2, благодарение на двата гола на Себастијан Халер.

Рашид Гезал со удар од белата точка му донесе водство на Бешикташ во 22 минута, а одговорот на Ајакс дојде во второто полувреме. Халер прво во 54 минута го израмни резултатот, а во 69 минута го постигна вториот гол со кој му донесе нова победа на својот тим.

По пет кола, Ајакс има максимални 15 бодови, додека Бешикташ остана закован на дното на табелата без освоен бод.