Наполи со 5-1 го торпедираше Удинезе и запиша важна победа во борбата за Лигата на шампионите, клубот од Неапол втор на табелата но со само 4 бода предност во однос на Јувентус кој е петти на табелата.

Головите за Наполи ги запишаа, Зјелински, Руиз, Лозано, Ди Лоренцо и Инсиње, за гостите погодокот е дело на Окака кога намали на 2-1.

Елиф Елмас влезе во игра во 76 минута од средбата, а најубавиот гол од вкупно шесте е дело на Руиз.