Хрватска успеа да дојде до предност од 2:0 за само 24 минути во дуелот со Унгарија на „Пољуд“ во Сплит во натпревар од евроквалификациите од групата Е.

Лука Модриќ го отвори резултатот во 5 минута откако успеа да ја украде топката и сам да заврши.

Бруно Петковиќ и донесе предност на Хрватска во 24 минута со прекрасен гол со пета од свртување и со ова дополнително да го деморализира гостинот.