Ајакс и покрај победата од 2-1 над Хетафе, доживеа елиминација од Лига Европа, откако на првиот меч во Шпанија загубија со 2-0.

Гостите уште во 5.минута преку Хаиме Мата го отворија резултатот и практично го решија патникот во осминфаиналето. Холанѓаните преку Данило и автоголот на Оливеира направија пресврт кој беше недоволен за пласман во следната фаза.

Интер и по втор пат го совлада Лудогорец, овој пат со 2-1. Сите голови беа видени во првиот дел, а во водство дојдоа гостите со голот на Оливеира Соуза, но до крајато на првиот дел „нероаѕурите“ со погодоците на Бираги и Лукаку направи комплетен пресврт.