По еден гол во двете мрежи донесе првото полувреме на вечерашното дерби во Серија А помеѓу Милан и Рома.

Лидерот во калчото поведе по само две минути игра преку Златан Ибрахимовиќ, кој го постигна својот петти гол сезонава.

Рома израмни преку босанскиот репр3зентативец Един Џеко во 14 минута.

Милан беше блиску по половина час игра да го врати водството, но ударот на Кјаер со топ 3глава заврши во пречката.