Арсенал го доби големото дерби во шестото коло од Премиер откако со 3:1 победи против Тотенхем. Тие успеаја да го срушат својот ривал меѓу 12-тата и 34-тата минута, во период кога стрелаа Емили Смит Роу, Пјер Емерик Аубемајнг и Букајо Сака.

Поразот на Тотенхем пак го ублажи Сон Хеунг Мин во 79-тата минута, но повеќе од тоа не можеа да направат.

По очајниот влез во сезоната, Арсенал успеа да врзе пет победи во сите натпреварувања и скокна на десеттото место на табелата, а со самото тоа го поправи расположението кај своите фанови. Тие пак воодушевено ги дочекаа играчите на излезот од стадионот, а Пјер Емерик Аубамејанг влезе во вистински метеж.

На видеото кое го објави страната Арсенал Фан ТВ, се гледа како навивачи во секунда го обиколуваат неговото 260.000 евра вредно Ламборгини Авентадор, кое не можеше ниту да се помести. Во еден момент неколку навивачи се качија и на хаубавиата, а еден од нив скокна на автомобилот во моменти на радост.

Аубамејанг од автомобилот свиреше, но навивачите успеа да ги избрка полицијците, кои му направија простор да помине.