Глазгов Ренџерс и математички ја осигура титулата шампион на Шкотска, откако Селтик денеска одигра 0:0 со Данди Јунајтед.

Тимот на Стивен Џерард вчера победи против Сент Мирен со 3:0, со головите на Рајант Кент, Алфредо Морелос и Јанис Хаџи, па му избегаа на Селтик на дури 21 бод разлика. Најголемиот ривал на Ренџерс не победи денеска, па титулата конечно отиде кај тимот на Џерард.

Победата на посебен начин ја прослави менаџерот на тимот Стивен Џерард. Прво низ прозор им се јави на навивачите кои воодушевено го дочека, а потоа се појави и видео на кое се гледа како пее и игра со своите играчи.

 

За Ренџерс ова е биде 55 титула шампион на Шкотска, а прва по 2011 година. Ренџерс во 2012 година беше исфрлен во четвртата лига поради финансиски проблеми, а во 2016-та се вратија во шкотската Премиер лига и сега конечно се на чекор до титула.