Пол Погба кога сака да игра е еден од најдобрите фудбалери на светот, ова го потврди и денеска во победата над Интер од 1:0 на контролниот меч во Сингапур.

Французинот беше дел од почетниот состав на Солскјер а во второто полувреме предизвика овации од навивачите откако успеа маестрално да се ослободи од неколкумина противнички играчи и прецизно да шутира по голот на Хандановиќ.

Сеуште не е познато дали Погба ќе остане во Манчестер Јунајтед, но едно е јасно, кога е мотивиран преставува сериозен проблем за противникот.