Манчестер Јунајтед не успеа да слави на гостувањето кај Вулверхемптон во последниот натпревар од 2 коло во Премиер лигата. Мечот заврши 1:1 а Пол Погба не реализираше пенал за победа во 68 минута.

Маркус Рашфорд му асистираше на Марсијал за 1:0 во 27 минута а Јунајтед одлично го контролираше натпреварот во првото полувреме.

Во вториот дел видовме понаков Вулверхемптон, Рубен Невес постигна маестраелен гол за израмнување во 55 минута.

На ова Солскјер одговори со внесување во игра на Мата па на Гринвуд и на Переира но немаше промена на резултатот.

Најголема шанса за победа, „ѓаволите“ имаа преку Лук Шо во 94 минута но ударот на левиот бек на Јунајтед го одбрани Патрицио.

Во следното коло Манчестер Јунајтед ќе игра со Кристал Палас додека „Волците“ ќе го дочекаат Барнли.