Манчестер Сити во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите го победи ПСЖ со 1:2.

Домаќините поведоа во 15-тата минута со голот на Маркињос, а Сити направи пресврт во второто полувреме. Прво Де Брујн во 61-та минута постигна гол по лошата реакција на Кејлор Наваз, а Ријад Марез од слободен удар во 71-та минута од слободен удар ги постави конечните 1:2 откако се распдна живиот ѕид на ПСЖ.

Тимот на Маурицио Покетино остана со играч помалку во 77-та минута по крвничкиот старт на Идриса Гана Геје. Сенегалецот целосно закасни со старот па со отворен ѓон од зад грб го згази Гундоган.

Германецот имаше многу среќе што не настрада потешко, а Феликс Брих прво му покажа жолт картол на Геје, за по ВАР интервенцијата да му покаже директен црвен.