Марсеј и ПСЖ одиграа реми без голови во рамки на 11-то коло на француското првенство пред 65.000 гледачи на Велодром и така ги поделија бодовите.

Пред мечот и за време на неговото траење навивачите нижеа инциденти па имаше и повредени од предметите кои навивачите ги фрлаа, пробивајќи се на стадионот и рушејќи ги бариерите поставени од обезбедувањето.

Инциденти имаше и додека траеше мечот, а за да не настрадаат играчите се погрижи полицијата која на моменти ги штитеше користејќи штитови како не би ги мавале.

Таква ситауција имаше Нејмар додека изведуваше корнер.