Челниците на Црвена Звезда денеска веќе традиционално во својот кабинет на Маракана ја следеа ждрешката од Лигата на шампионите, која на нивниот тим и донесе потенцијален дуел со Динамо Загреб.

Секако услов за тоа е и двата тима од регионов во третото квалификациско коло да бидат подобри од своите противници, односно српскиот шампион од Шериф Тираспол, а хрватскиот првак од Легија Варшава.

Во оној момент кога Џорџо Маркети ги спои Црвена Звезда и Динамо, челниците на српскиот шампион, вклучувајќи го и тренерот Дејан Станковиќ, ни насмевка ја испратија можноста после 30 години повторно да играат против Динамо.

Последен пат овие два тима се сретнаа на 18 мај 1991 година, а вреди да се спомене дека Динамо беше голема желба претседателот на црвено белите, Ѕвездан Терзиќ во декември минатата година, пред ждрепката за нокаут фазата од Европа лигата.

Околу ждрепката говореше тренерот на тимот Дејан Станковиќ.

„Треба прво да го минеме третото квалификациско коло. Ние сега сме фокусирани искучиво на Шериф“– изјави тренерот на тимот од Белград, Дејан Станковиќ.

Сепак прозборе и за евентуалното дерби.

„Може да дојде до некогашната класика ако минеме и ние и Динамо. Ќе има време да се зборува за тоа. Сигурно дека тој натпревар би бил многу значаен и би се кренала многу прашина, но да причекаме што ќе се случува следните недела дена. Нашата цел е јасна- одиме понатаму.“

Тој одговори и на прашањето дали Динамо и Легија се тешка ждрепка.

„Сите во плеј офот се квалитетни. Кој и да дојде до таа фаза, не доаѓа тука случајно. Се се тоа високобуџетни и искусни клубови. Можеби можеше и подобро или полошо, не знам…“