Се повеќе спортисти и спортски работници одлучија да се вакцинираат против коронавирусот. Еден од нив е и тренерот на Бешикташ Серген Јелчин.

Турскиот тренер, кој работи во еден од најголемите клубови во оваа држава, беше снимен во моментите додека се вакцинира, а видеото стана вистински хит на социјалните мрежи.

„Што е тоа“– прашуваше после боцкањето од иглата.