Десниот бек на Челзи и Англија  Рис Џејмс објави видео на кое се гледа како разбојници ја ограбуваат неговата куќа, од која земале сеф со медали од Лигата на шампионите, Европскиот Суперкуп и Европското првенство.

Џејмс оваа година ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа со Челзи, додека беше втор на ЕП со Англија, зад Италија.

Медалите од овие натпреварувања ги чувал во сеф во неговата куќа, која беше ограбена од разбојници овој вторник, додека го играше првото коло од Лигата на шампионите, во кое Челзи го победи руски Зенит (1: 0) како домаќин.