Тренерот на италијански првак Јувентус, Маурицио Сари е страствен пушач, тој тоа никогаш не го криел, но сега се криеше од камерите на средбата со Рома во Торино.

Сари не може без цигари, тоа го знаат играчите кои често го коментираат неговото однесување.

Тренерот на Јувентус си седеше сам на трибините на средбата со „волчицата“, секако со цигара во рака, па мораше да се крие од камерите.