Килијан Мбапе беше еден од јунаците на ПСЖ против РБ Лајпциг, каде парижаните победија со 3:2 во третото коло од Лигата на шампионите.

Францускиот напаѓач го постигна првиот гол, а потоа асистираше за вториот, а избори за третиот, а потоа во последните моменти промаши пенал за 4:2.

Пред мечот Мбапе имаше непријатно искуство во тунелот. Судијата свирна како би ги повикал играчите да се соберат за излегување на теренот, но очигледно тоа го направи пресилно, па Мбапе од страв потскокна.