Хофенхајм со двата гола на Крамариќ и по еден на Бицакиќ и Дабур, му нанесе висок пораз на Баерн Минхен со 4-1, за актуелниот шампион единствениот гол е дело на Кимих.

Баерн Минхен имаше серија од 29 меча без пораз во сите натпреварувања, последен пат загуби од Нирнберг и тоа на пријателска средба во јануари годинава, на официјален натпревар немаат загубено од  7 декември 2019 година !