Манчестер Сити го совлада Кристал Палас со 4-0, ефикасен меч на „граѓаните“ кои во целост ја оправдаа фавортиската улога на средбата.

Ова беше „покер“ победа на Сити со головите на Стоунс кој два пати се запиша во листата на стрелците, по еднаш тоа го направија Гундоган и Стерлинг, головите на овие двајца беа навистина убави.

Сити е втор на табелата со два бода помалку од Јунјатед кој има и натпревар повеќе.