Маурисио Покетино стигна до првиот трофеј со ПСЖ, во Суперкуп мечот „светците“  со 2-1 го победија Олимпик Марсеј  во Ленс.

Мауро Икарди погоди за почетна предност на ПСЖ во 39-тата минута. Аргентинецот изнуди пенал пред крајот на мечот, а сигурен изведувач беше Нејмар во 85 минута. Димитри Паје ги постави конечните 2-1 со гол во 89 минута.