Екипата на Челзи има водство по првиот дел од полуфиналниот меч против Реал Мадрид со 1-0 со голот на Тимо Вернер во 28.минута од мечот.

Германецот го урна „проклетството“ кое со месеци го следеше во Лигата на шампионите и погоди во вечерашниот натпревар.

Акцијата почна од Нголо Канте кој ја заврши скоро целата работа. „Моторот“ во средниот ред го проигра Хаверц, тој го лобува Куртоа, а откако топката заврши во пречката, Вернер се најде пред самата гол-линија и ја смести топката во мрежата со глава.

Реал Мадрид во продолжението имаше две добри шанси во 36.минута и две минути подоцна , но Менди успешно ги скроти двата обиди на напаѓачот на Реал.

Останува да видиме дали Реал има сили за нешто повеќе во вториот дел , или Челзи рутинирано ќе го приврши мечот и ќе обезбеди финале.