Полувреме на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Челзи.

Екипата од Лондон прва поведе на натпреварот со голот на Пулишиќ во 14.минута кој искористи една грешка во домашниот табор, и со прекрасен продор успеа да го отвори резултатот.

Реал не се предаде во првиот дел и вршеше континуиран притисок на голот на гостите,што резултираше со израмнувачкиот погодок на Бензема во 29.минута.

Крос нафрли од корнер , топката се одби од Касемиро , а Бензема со прекрасна реакција успеа да ја смести во голот на Челзи.