Шампионот Шкендија со негатива на полувремето на гостувањето кај Струга Трим Лум. Стружани водат со 1:0 со голот на Скендери уште од 11-тата минута.

Дури четири гола има на мечот на Тетово меѓу Ренова и Брегалница. За тимот од Џепчиште прецизни беа Јусуфи, Селмани и Шефити, додека Алтипармаковски го постигна голот за Брегалница со кој 25-тата минута израмнија.

Со двата гола на Кировски, Скопје има водство со 0:2 на гостувањето кај Борец во Велес.

Гол има и на мечот во Скопје меѓу Работнички и Пелистер. За скопскиот тим прецизен беше Ристевски во 34-тата минута.

Без голови во првите 45 минути е мечот во Кавадарци, меѓу Тиквеш и Македонија Ѓорче Петров.